МЈП Проаква прави реорганизација за поголема ефикасност за време на летниот период

- Локални
745

Вчера во просториите на МЈП Проаква Струга, директорот, Д-р. Јетон Шаќири, одржа состанок со раководителите на секторите и одделенијата во ова претпријатие со цел добар тек на работите во идните три летни месеци и во понатамошниот период.


Во фокусот беа четири главни точки и тоа:
– Реорганизација на работните места во претпријатието со тоа што секторот за техника ќе биде засилен со работници од другите сектори каде што не се многу потребни и вака ќе се постигне поголема ефикасност на секторот за техника и побрза реакција кон дефектите и разните технички проблеми.
– Воспоставување на систем за работа во секторот за техника, каде сите одделенија ќе бидат концентрирани во едно раководство за да се избегнат евентуалните недоразбирања меѓу раководителите на пониските одделенија.
– Засилување на системот за работна дисциплина за работниците што не се дисциплинирани, со што ќе се овозможи и наградување на другите работници што ја вршат совесно својата работа.
– Намалување на бројот на одделенија по секторите, со што донесувањето на одлуките ќе биде полесно и поконсолидирано во рамките на целото претпријатие.

Strugaonline

Facebook Коментари