Тамара Тодевска во финале на Евровизија 2019!

- Македонија
1995

Тамара Тодевска со моќна и емотивна изведба на темата „Proud“ синоќа влезе во финалето на Евровизија 2019 во Тел Авив, ИзраелВо финалето се пласираа 10 од 17-те учесници во втората полуфинална вечер.

Финалисти од втората полуфинална вечер се Република Северна Македонија, Холандија, Албанија, Русија, Шведска, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Нашата земја обезбеди финале после шест години.

Германија, Израел, Италија, Франција и Шпанија се земјите кои директно влегоа во саботното финале.

Се очекува спектакуларно финале во кое ќе настапи минатогодишната победничка, на сцена ќе ја видиме и Дана Интернешанал која во 1998 година донесе победа за домаќинот Израел, а гостин на вечерта ќе биде Мадона.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш”.

Strugaonline

Facebook Коментари