МЈП Проаква Струга со реакција да не се манипулираат граѓаните на Струга

- Локални
553

Од МЈП Проаква Струга реагираат да не се манипулираат граѓаните на Струга бидејќи деновиве на еден портал се објавил напис каде се обвинуваат дека Струга нема вода и поради ова може да си заминеле туристите и граѓаните спремиле тужби против МЈП Проаква.
Видлив факт е дека МЈП Проаква во овие две години значително ја зголемило ефикасноста на работата и ова не може да го негира никој. Сведоци за ова се граѓаните на Струга и вработените на МЈП Проаква Струга. Пумпите се нови и градот и околните села се снабдуваат со вода во максимален капацитет.
Бараме од горенаведениот субјект да не шири дезинформации и паника кај населението бидејќи во спротивно ќе се соочите со тужба за клевета и нарушување на угледот на Проаква“. – велат од МЈП Проаква Струга.

Facebook Коментари