МЈП Проаква: Водата е целосно исчистена, се чека потврда од ЦЈЗ

- Локални
616

Граѓаните на Струга вчера беа сведоци на големи изливи на вода во неколку улици од градот. Oд МЈП Проаква објаснуваат  дека тоа се таканаречени хидранти кои служат за чистење на водоводната мрежа и истите беа отворени  по целата територија на Општина Струга за што побрзо да се исчисти мрежата од заматената вода.

„Уште еднаш ќе нагласиме дека не станува збор за дефекти туку за една вообичаена постапка во оваа дејност. Водата е целосно безбедна и е целосно исчистена (не е повеќе заматена), меѓутоа препорачуваме до граѓаните во текот на викендот да не ја користат додека не се објават официјалните резултати за нејзиниот квалитет од страна на Центарот за јавно здравје кој не работи за време на викендот па затоа сме приморени да чекаме до понеделник.“ – информираат од МЈП Проаква.

Од службата апелираат до граѓаните,  доколку граѓаните забележат поинаков изглед на водата од вообичаениот, веднаш да пријават во МЈП Проаква.

Strugaonline

Facebook Коментари