МКБ „МИСА“ ја уплати аконтацијата за данок од добивка за цела 2020 година однапред

- Локални
3906

МКБ МИСА СТРУГА како општествено одговорна компанија ја уплати аконтацијата за данок од добивка за цела 2020 година однапред. Износот од околу 2.000.000 денари се уплатува со цел да и се помогне на државата во овој кризен период предизвикан од COVID-19.

„Маркетите МИСА работат со намален број персонал поради препораките на Владата.Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на висина на задачата. Вработените  храбро го  даваат својот максимум за што беа наградени за месец март за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Преземени се сите мерки препорачани од СЗО за дезинфекција и одржување на хигиената во маркетот, како и држење растојание помеѓу купувачите и избегнување на создавање гужви. “ – информираат од тимот на маркети „МИСА“

МИСА ги почитува и препораките од Владата околу работното време. Преку недела маркетите се отворени до 19.30 часот, а за време на викендот поради дополнителните мерки и започнувањето на полицискиот час од 16:00 часот, ќе работи до 15:oo часот.

Ова е позитивен  пример кој можат да го следат и останатите фирми кои се во можност.

Од маркетите МИСА информираат дека нема покачување на цените. Тие остануваат исти на она ниво на кое биле на 11-ти март за основните животни намирници,кога беше прогласена пандемија на COVID-19 . .Цената на цитрусното овошје ќе се држи со маржа дадена со одлука од страна на Владата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари