Почина легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац

- Хроника
509

Легендарниот  пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од последици на коронавирусот на 86-годишна возраст.

На 5 март Тозовац бил примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија.

Тозовац е роден во Краљево во 1936 година, а во октомври 2012 стана заслужен граѓанин на градот Краљево.

Toзовац се смета за еден од најквалитетните пејачи на овие простори, во текот на својата плодна музичка кариера создаде песни што вечно ќе потсетуваат на неговата професионалност и специфичен музички израз. Дел од тие хитови се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“, „Лено, Лено Магдалено“ и други.

Facebook Коментари