Мониторинг комитетот при Европската комисија во посета на Месна индустрија Билјанови

- Локални
1417

Мониторинг комитетот при Европската комисија во вторникот, на 21.05.2019 година, ја посети Месната индустрија БИЛЈАНОВИ – Струга.

Триесет-члената делегација ја предводеше г-динот Лиам Бреслин, одговорен за предпристапна помош во Генералниот Директорат за земјоделство и рурален развој во Европската комисија со седиште во Брисел.

По спроведените активности, членовите на Мониторинг комитетот констатираа дека Месната индустрија БИЛЈАНОВИ успешно ги реализирала проектите и дека доследно ги почитува правилата пропишани со ИПАРД програмата.

Месната индустрија БИЛЈАНОВИ до сега има реализирано два ИПАРД проекти за технолошка модернизација на производството.

Strugaonline

Facebook Коментари