На 2-ри август во Струга второ издание на спортскиот фестивал ,,Илинден“

- Локални, Спорт
886

На 2-ри август во Струга ќе се одржи второто издание на Спортскиoт фестивал ,,Илинден.“

,,Годинава оваа спортска манифестација нуди поразличен концепт и вклучува три ревијални ватерполo натпревари од интернационален карактер со поддршка од Ватерполo федарацијата на Македонија, трки во едносед, кајк, трки со суп штици и скокови во вода.“ -информираат од спортскиот клуб ,,Соларис“-Струга кои се организатори на фестивалот.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат и на овој начин да го прослават големиот национален празник Илинден, можат да се пријават на офиццијалната FB страница на спортскиот фестивал ,,Илинден“.

Освен натпреварувачкиот спортски дел, ќе има и забава со Rootboy selector.

Водени од искуството од минатата година и од другите спортски манифестации кои ги организираат, од ,,Соларис“  очекуваат над 400 учесници.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари