На 2-ри јули кино на отворено во организација на Американско катче Струга

- Локални
394

Американско катче Струга организира кино на отворено по повод Денот на независноста на САД.  На 2-ри јули, 2021 г., Летната сцена при Центарот за култура ќе биде отворена за оние кои сакаат да поминат една поинаква петочна вечер. Посетителите ќе имаат можност да погледнат изложба на слики на тема „Американа“, потоа на штандот за изработка на беџови самите да научат и да си изработат беџ, да направат и споделат забавни фотографии, да уживаат во музиката и летната атмосфера, и да ја заокружат вечерта со гледање на одличен филм и грицкање пуканки, во американски стил. Влезот е бесплатен, но бројот на места е ограничен. Повеќе детали околу настанот ќе најдете во објавата на следниот ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари