Играниот филм „Дедо и Внук“ го освои романскиот Оскар за „Најдобра Фотографија на игран филм“

- Македонија
325

Играниот филм „Дедо и Внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, кој е снимен во македонско-романска копродукција ја освои престижната награда „Најдобра Фотографија на игран филм“, доделена од романската асоцијација на кинематографери, на 15-то издание на Гала на наградите „Гопо“, пандан на холивудскиот Оскар за најдобри филмски достигнувања.

Наградата, доделена во исклучиво силна конкуренција, замина во рацете на директорот на фотографија, Патру Паунеску.

– Ова е признание за сработеното од нас и целиот тим од Македонија, кој направи сензационална работа и радост што луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменална екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија, изјави директорот на фотографија, Патру Паунеску по доделување на наградите.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор: ОхридПрес

 

Facebook Коментари