На 20-ти јуни КУД „Илинден“ ќе одржи годишен концерт во Струга

- Локални
1066

На 20-ти јуни (четврток) КУД „Илинден“ од Струга ќе го одржи традиционалниот годишен концерт.

На годинешниот концерт ќе настапат сите 230 членови на друштвото, истите се поделени во пет групи, а тука се и пејачката група како и оркестарот на друштвото.

„Ќе се претставиме со седум кореографски постановки од повеќе етнографски целини на Македонија. И за оваа година ветуваме одлична атмосфера што спонтано се создава како резултат на позитивните взаемни вибрации кои пулсираат помеѓу членовите на нашето друштво и публиката поради која постоиме и твориме“.-велат од КУД „Илинден“ за Strugaonline.

Билетите се по цена од 100 денари, концертот ќе започне во 20:00 часот, а вратите од Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе бидат отворени од 19:00 часот.

Годишните концерти на КУД „Илинден“ се одржуваат традиционално , секоја година пред почетокот на летната сезона и означуваат крај на „учебната година“ во рамките на ансамболот.  На концертите сите членови покажуваат што научиле од областа на фолклорот, а публиката ги наградува со долги аплаузи.

Strugaonline

Facebook Коментари