Струга ќе биде домаќин на 24 –те Регионални пензионерски спортски натпревари

- Локални
745

Вчера во хотелот „Бисер“ се одржа консултативен состанок на претседателите од пензионерските здруженијаод осмиот регинон што ги опфаќа Струга, Вевчани, Лабуништа, Дебар и Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Дебарца. На состанокот освен претседателите, учествуваа и нивните соработници задолжени за спорт на Регионалните спортски – рекреативни натпревари.

Со консултативниот состанок раководеше домаќинот од  ЗП Струга, претседателот на Собранието и на ИО,  Милорад Трпоски. На истиот присуствуваше и претседателот на комисијата за спорт на ЗП Струга,  Иван Хаџиев.

Согласно заклучоците и препораките на Комисијата за спорт и рекреација при Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, за оваа годцина  одлучено е  домаќин на  24 –те Регионални пензионерски спортски натпревари да биде ЗП –Струга бидејќи има идеални услови за натпреварување, во близина на манастирскиот комплекс Калишта на брегот на Охридското Езеро.

24 –те Регионални пензионерски спортски натпревари ќе се одржат на 23-ти јуни со почеток од 10:00 часот.

Спортистите и гостите ќе бидат угостени во хотелот „Бисер“ каде што ќе бидат прогласени и победниците за оваа година.

Полсе состанокот беа одредени и критериумите за натпреварување, а присутните ги посетија и полигоните каде ќе се одржат пензионерските спортски натпревари.

На состанокот присуствуваше и Стефан Шурбаноски,  претставник и кординатор на комисијата за спорт и рекреација за осмиот регион при СЗПМ, кој ги пренесе препораките од комисијата. Заеднички,  по предлог од кординаторот беа избрани судиите, комисиите, одборите,беше одредеден терминот за свеченото отворање 23  јуни и сатниците за натпреварите според дисциплините.

Претседателите наЗП и претседателите на комисиите препорачаа да се внимава да не се повторат пропустите и грешките на судиите од минатите години за да имаме успешни пензионерски игри.

Домаќинот  Милорад Трпоски, го образложи правилникот и содржините кои ќе бидат реализирани на самата спортска манифестација. На крајот од консултативниот состанок ЗП Струга организираше скромен приемен коктел за сите присутни,  во реномираниот ресторан на хотелот „Бисер“.

Според член 21 од правилникот за спорт и рекреација натпреварите се оджуваат во 11 дисциплини и за мажи и жени:

Гаѓање со воздушна пушка, шах, пикадо, тегнење јаже, шутирање пенали на мали голчиња, лободно фрлање на кош, фрлање ѓуле, трчање, домино, табла и скок од место само за мажи.

Tекст и фото : Стојан Кукунешоски

 

 

Facebook Коментари