На 24-ти и 25 ти мај во Општина Струга ќе се врши дезинсекција за уништување комарци

- Локални
114
Општина Струга информира дека на подрачјето на општината, на 24 -ти и 25-ти мај ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
-Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 22:00 часот  до 06:00 часот следното утро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.-стои во соопштението од Општината.
Додаваат дека пчеларите и пчеларските задруги треба да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Strugaonline

Facebook Коментари