На 3-ти август започнува петтиот „Саем на мед“ во Струга

- Локални
990

Од 3 до 5 август, на плоштадот на револуцијата во Струга, задружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка на Општина Струга и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, петта година по ред  ќе ја одржи веќе востановената манифестацијата „Саем на мед 2019“.

Покрај медот, пред граѓаните на Струга и големуот број на туристи од Македонија и странство  ќе бидат понудени и други пчелни производи: млеч, полен, восок, како и други производи и препарати кои се користат во земјоделската гранка- пчеларсто.

„На саемот на медот во Струга своите пчелни производи ќе ги понудат повеќе пчелари од Струга, Охрид, Битола, Кичево, Кочани, Македонски брод и други градови и места од Македонија, а свое учесто најавија и гости пчелари од странство: Албанија иСрбија“- вели претседателот на здружението „Матица“ Шефит Шемшедини.

Извор: Бранувања

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари