На граничниот премин „Ќафасан“ приведен Албанец кој е баран од Интерпол-Атина

- Локални
407

Полициски службеници денеска во 01:30 часот на влезот во Северна Македонија, на граничниот премин „Ќафасан“ го лишиле од слобода и привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија.

Како што соопштија од МВР, при пасошка контрола на ова лице, било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа со мерка „Апси“ по барање од Интерпол-Атина, Република Грција.

Во 05:30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка

Facebook Коментари