Во Струга има 69 активни случаи на ковид 19

- Локални
581

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 10-ти до 16-ти октомври 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 84 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 63 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 79 лица и тоа кај 42 лица од општина Охрид, кај 27 лица од општина Струга и кај 10 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 6 лице од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар.
– Во овој период починати се 3 лица од општина Струга
– Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 69, а во Дебар 43.

Од почетокот на епидемијата до 16-ти октомври 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1533 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 496 лица во општина Охрид и Дебрца, 735 лице во општина Струга и Вевчани и 302 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 397, од Струга се 598, а од Дебар и Центар Жупа се 244 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 21 починати пациенти, од општина Струга се починати 68, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица.

Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања
– често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Facebook Коментари