На територијата на СВР Охрид санкционирани 53 возачи поради непрописно престигнување

- Локални
310

Во текот на вчерашниот ден, 30-ти јануари 2023 година, во периодот од 07:00 до 11:00 часот, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

 – При тоа се санкционирани 114 возачи. Од нив, 53 на територијата на СВР Охрид, 21 на територија на СВР Тетово… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.
Извор: МВР

Facebook Коментари