Во недела во Охрид ќе се одржи манифестацијата ,,Прличеви беседи 2023“

- Локални
82

Вo недела, на 5-ти февруари, во Охрид ќе се одржи традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со која се одбележува годишнината од смртта на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев и се чествува неговиот лик и дело.

Манифестацијата ќе започне во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид, што ќе се одржи во изложбениот салон.

Во 12:00 часот во малата сала започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата. Ќе настапи градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ со изведба на песната „1762 лето“.

Свои обраќања ќе имаат претставници на Центарот за култура и општина Охрид, по што ќе биде претставена наградената поема „Коњски житија“ од Зоран Анчески, а ќе има и артистичка изведба на истата. На годинашниот лауреат Зоран Анчески ќе му биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2022 година.

Facebook Коментари