Денеска е Светски ден посветен на животната средина

- Македонија
804

Денеска во повеќетo земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, се одбележува 5-ти јуни-Светски ден на животната средина.

Целта на одбележувањето е поттикнување на заинтересираноста за проблемите на животната средина и унапредување на јавната акција и политичко внимание кон ова прашање.

Иницијативата за одбележување на 5-ти јуни како светски ден на животната средина е на Обединетите нации, по нивната прва конференција одржана во 1972 година. Одбележувањето почна во 1973 година, а манифестацијата секоја година се одржува во различен град.

По повод Денот на заштитата на животната средина илјадници активисти во светот ќе учествуваат во бројни акции за чистење на природата, ќе се организираат концерти, изложби и филмски проекции.

Facebook Коментари