Насуфи и Мерко на средба со Анѓушев- специјални работни тимови ќе го решаваат проблемот со водата во Струга

- Локални
728
Директорот на „JП Водовод и Kанализација-Струга“ Доц-Др. Дашмир Насуфи, и градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко денеска остварија работна средба со сопственикот на компанијата ЕДС, Г-дин Кочо Анѓушев.
Главна тема на оваа средба беше отстранување на проблемите што предизвикуваат загадување на водата во градот Струга.
,,Учесниците на оваа средба се согласија дека ќе се создадат специјални работни тимови, кои ќе се занимаваат со санирање на овие проблеми, со цел во иднина да не се појавуваат проблеми со загадената вода.“-информираат од Општина Струга.
 Од таму најавија дека поконкретни информации ќе споделат наскоро.
Strugaonline

Facebook Коментари