РФМ и Данило Брестовац ја прекинуваат соработката

- Спорт
482

По  неуспешниот настап на  ракометна репрезентација на Македонија на Мундијалот во Египет, селекторот Данило Брестовац и РФМ се договорија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија денеска излезе со соопштение преку кое ја информира јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари