Нова епизода од „Импровокација“ на 25-ти јануари во Охрид

- Локални
494

Познатите актери-импровокатори ја најавуваат новата епизода од театарската импровизација „Импровокација“ што ќе се игра на Керал сцената при Центар за култура „Григор Прличев“  во Охрид.

„На сите преживеани по маротонот од празници им честитаме. Како награда добивате можност час и кусур да ги вежбате стомачните без воопшто да се мачите. Оставете професионалци да се погрижат за вас.  Терапијата соджи:  Елементи на високо интелектуален хумор сервиран од Кипро.; Пилатес техники со наслов “Маса по дефиниција„ или како да го владеете своето тело по празниците, презентирани од Стрезо.; Поетски двобој со мамурлукот, за стиховите ќе се погрижи Коле.Како совеста да ви биде безгрижна како детството, ќе беседи Жура.
Презентација на сет од ринг тонови и аларми кои нежно ќе ве будат по празниците, композиции на Маесто Чиче. “ – велат импровокаторите.

Новата „Импровокација“  е закажана за  25ти јануари, од 20:00 часот.

Продажно место: Музичка Продавница Зи Зи Топ или резервација на телефонскиот број 075283066 (11:00-15:00 ч.) Бројот на билети е ограничен, а цената е 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари