Нова кривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко

- Локални
404

Државниот инспекторат за животна средина активно соработува со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга во откривање и санкционирање на уништувањето на природното наследство на струшкото крајбрежје.

– Во заедничка координација, во март оваа година, обезбедивме докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата исто така беа забележани и траги од опожарена трска. Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот. Подготвена е кривична пријава што денес ја поднесуваме до надлежното Јавно обвинителство. Правниот основ на тужбата е членот 230 од Кривичниот законик „Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, според кој може да се изрече казна затвор од три месеци до три години, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Додаваат дека нема да дозволат загадување на животната средина, особено во регион кој е впишан на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.

извор и фото : Државен инспекторат за животна средина

Facebook Коментари