(Oбновено) СВР Охрид: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид

- Локални
309

Денеска (28.02.2024 година) околу 10.00 часот е пријавено дека се  поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.

СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари