Од 5-ти до 10-ти август во Струга ќе се одржи Меѓународниот арт фестивал ,,Езерски Бисери“

- Локални
455

Од 5-ти до 10-ти август, во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи 19-тото издание на Меѓународниот арт фестивал ,,Езерски Бисери“.

Оваа година Струга ќе биде домаќин на учесници од Македонија, Австрија, Шведска , Естонија, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Израел , Литванија, Латвија, Ерменија и други.

Натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе се одржи на 8-ми авуст, а  гала концертот каде ќе се претстават најдобрите учесници е закажан  за во вторник ,09-ти август, со почеток во 21.00 часот.

Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија  крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови  одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот.

Strugaonline

Facebook Коментари