Стружанката Теодора Дукоска во последните секунди и донесе реми на Македонија против Шведска

- Спорт
594
Кадетската женска репрезентација на Македонија одигра нерешено против репрезентацијата на Шведска  во привиот натпревар од главната фаза на 2022 IHF Women’s Youth World Championship.
Во последната минута мечот влезе во реми 19-19. Михаиловиќ погоди во последниот напад за Шведска со што донесе на 20 секунди до крајот водство од 19-20. Стружанката Теодора Дукоска на крајот успеа да погоди и да и донесе реми на на нашата репрезентација со конечен резултат 20:20.
Со овој нерешен резултат кадетките се чекор поблиску до 1/4 финалето на Мундијалот.
Следува натпреварот против селекцијата на Исланд на 05.08 во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски”.

Facebook Коментари