Од денеска нов режим на сообраќај на улиците во Струга

- Локални
506

Почнувајќи од денеска ,14.06.2019,на сила е нов режим на сообраќај во Струга. Сообраќајот ќе продолжи во еден правец и тоа почнувајќи од пресекот на улицата „Пролетерски Бригади” со улицата „Боро Хаџиев” во правец на улицата “15-ти Корпус”.

Сообраќајот ќе се одвива така што на левата страна на улицата ќе има место за паралелен паркинг а десната страна ќе се користи како патека за велисопеди.

Оваа одлука е донесена во согласност со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – СВР Охрид број 32.5.3853 од 25.07.2018 година.

„Ги повикуваме сите граѓани, да го почитуваат овој нов режим, да ги користат еднонасочните ленти и да ја почитуваат собраќајната сигнализација за да нема пречки или застој во сообраќајот.“ – апелираат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари