Од денеска во продажба билетите за концертот на Влатко Стефановски во Охрид

- Забава, Локални
1569

По огромниот интерес и продадените три концерти во Македонската Филхармонија, Влатко Стефановски и неговиот најнов албум „Мајчин Јазик„ со концерт на Антички Театар во Охрид! На 1 август, со почеток во 22:00 часот, можност повторно да се доживее извонредниот проект за кој публиката и критиката ги дадоа сите пофални зборови!
Нашиот гитарски виртуоз во Охрид ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата Љубојна од Македонија.
Билетите се со цена од 1.000 и 1.200 денари и истите ќе бидат пуштени во продажба денес (02 јули) во 14:00 часот онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com.

Концертот е во организација на „Баги комуникации“.

Strugaonline

Facebook Коментари