Одбележан денот на формирањето на четвртата/седмата/ албанска бригада на НОВ И ПО на Македонија

- Локални
438

Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичка војна на македонија на општина Струга,на 26 август ,со полагање на цвеќе на спомениците беше одбележан датумот 26 август 1944,денот на формирањето и борбениот пат на четвртата /седмата/албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија,почитувајќи ги мерките за заштиота од Ковид-19,препорачани од Владата на Македонија и Министерсрвото за здравство.

Според зборовите на првиот човек на ОО на борците од Струга,претседателот Ајрадин Мемети,кој истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман,во месноста „Рудина“на 26.08.1944 година,со Одлука на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Штабот на бригадата го сочинувале:командант Нафис Сулејман,заменик командант Шаик Садику,политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето бригадата броела 164 борци од кои еден младински баталјон кој дошол од Дебар,а го сочинувале Албанци,Македонци,Македонци-Муслимани  и Турци од Дебар и дебарските села,а другиот баталјон го сочинувале борци Албанци,Македонци,Власи и Турци од Струга и струшките села.Командата  на Вториот баталјон беше во состав:Азис Цами како командант и Љубе Мариноски политички комесар.Третиот баталјон го предводел Муарем Ибраими како команмдант и Јован Панчески како политички комесар.

Бригадата учествуваше при ослободување на Струга,како и на Сремскиот фронт во сите борбрни дејствија.

При заминувањето на Сремскиот фронт бригадата броела 501 борец и се надополнува со нови борци од Кичево,Гостивар,Тетово,како и од Скопје,Куманово,а потоа се организира како Седма Албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија,во состав на 42 – Дивизија.По капитулација на Германија преку Босна се враќа во Македонија.

Текси и фото : Стојан Кукунешсоки

Facebook Коментари