Бизнисменот Шкелчим Деволи, сопственик на Деволи Корпорација, се сретна со турскиот претседател Ердоган, разговараа за економијата во регионот

- Македонија, Свет
705

Сопственикот на Деволи Корпорација, Шкелчим Деволи, денеска во Сараево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тема на нивниот разговор беше економскиот развој и трговските односи помеѓу турската држава и земјите од регионот.

Претседателот на Република Турција истакнал дека е восхитен од регионот, нагласувајќи ги одличните бизнис релации помеѓу народите.

Од друга страна, Косовскиот бизнисмен му се заблагодарил на турскиот претседател за континуираната економска поддршка, подвлекувајќи дека има простор за уште поголемо интензивирање на економската соработка и трговската размена помеѓу регионот и Турција.

StrugaOnline

Facebook Коментари