Одбележување на јубилеј на НУЦК„Браќа Миладиновци“ и Јавната библиотека – Струга

- Локални
654

По повод седумдесет и пет  години библиотека Струга и шесет години Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 27-ми и 28-ми септември 2019, се организираат низа активности за одбележување на истите.

Ова е планираната програма:

27-ми септември

11;00 ч. – Отворање изложба на фотографии од историјата на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга – фоаје на Центарот за култура;
11:00 – 15:00 ч. – Саем на книга и средба со писатели – Парк на поезијата;
12:15 ч. – Промоција на книгата „Со знаење – до знаење“ од Мичо Јачев – фоаје на Центарот за култура.

28-ми септември

17:00 ч. – Полагање цвеќе на Спомен бистата на Димитрија и Константин Миладиновци – Спомен дом на браќата Миладиновци;
17:15 ч. – Промоција на книгата „Сага за Охрид“ од Валентина Нелоска – Спомен дом на браќата Миладиновци;
17:45 ч. – Промоција на стручната публикација „Библиографија на изданијата на Струшките вечери на поезијата (1967 – 2018)“ од Богомир Наумоски – Спомен дом на браќата Миладиновци;
19:00 ч. – Културно-уметничка програма (КУД ИЛИНДЕН – Струга, Студио за танц БАХ, Rrezet e Struges, Драмско студио Миладин и други интересни содржини) – Голема сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари