Методија Столески доби награда за најслушана песна помеѓу два фестивали на „ОХРИД ФЕСТ 2019“

- Локални
1018

Младиот и талентиран музичар од Струга, Методија Столески, измината недела учествуваше на два фестивали и промовираше две нови песни. Најпрво ја промовираше второпласираната песна на кастингот во Софија, станува збор за „Боже, ти благодарам“ со која настапи на „Пирин фест“ во Сандански пред преполната отворена Арена, а неговиот настап беше проследен со многу аплаузи.

На 5-ти септември Столески настапи на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“  и ја промовираше песната „Моето семејство“. Тој исто така ја доби наградата за најслушана песна помеѓу два фестивали за песната „Мостови“ со која на Охрид фест настапи минатата година.

Уметничкиот директор на фестивалот, Цане Петров, кој ја додели оваа награда истакна дека Методија е на добар пат да прерасне во врвен пејач и му предвиде блескава кариера.

Столески не застанува тука, тој подготвува нова песна со која ќе настапи на фестивалот „Филиграни 2019“ што ќе се одржи во ноември годинава.

Strugaonline

 

Facebook Коментари