Ракометарите на РК Охрид славеа во третото езерско дерби оваа сезона со резултат 22:20.
Во првиот дел од натпреварот се играше гол за гол , а на крајот на првиот дел беше 12:10 за домаќините.
Во вториот дел Цителишвили доби црвен картон поради трето исклучување па Струга немаше ротација на бековски позиции. Тоа им помогна на охриѓани, па стигнаа до +5 (18-13)
Стружани во последните петнаесет минути успеаа само да ја намалат предноста, односно крајниот резултат на натпреварот беше 22:20
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари