Охрид SOS: Големи камиони исфрлаат земја и градежен шут на потегот од кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен

- Локални
536

Веќе една седмица големи камиони исфрлаат земја и градежен шут на потегот од кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен. –информираат од Охрид SOS .

-Според локалните жители цел месец јули немале снабдување со вода заради пукната цевка која била затрупана и тешко достапна од огромната количина нафрлана земја и шут. Реагирале до инспекторатот за животна средина во Струга и до локалниот водовод, но одговор немало.- пишува во објавата на граѓанската иницијатива.

Oд Охрид SOS велат дека сите бараат мандат а не прават ништо, вршат јавни функции со високи плати, а воопшто не реагираат за да се сузбијат ваквите практики.

-Јавниот интерес и животната средина се небитни. Битен е нечиј интерес. И повторно ќе се правдаат, ќе се кријат, ќе лажат во извештаите до UNESCO – додаваат од Охрид SOS.

Извор и фото: Охрид SOS

Facebook Коментари