Охрид SOS: Планини шут се трупаат на потегот од Струга кон Калишта (Фото)

- Локални
622

На потегот од Струга кон Калишта, освен што гореше трската, долго време се трупаат и планини шут на границите на Калишко Блато, веднаш до локалниот пат, реагираат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.

– Со години надлежните не мрдаат со прст. Еве материјал за Владата, особено за министерот Садула Дураку, да ја поведе еко-инквизицијата од Министерство за животна средина и просторно планирање, државни и локални инспекторати од општина Струга и да се појават на терен со конкретен план и итна и неодложна акција. Наместо Рамсар подрачје, оваа локација е претворена во депонија. Ако институциите се искрени во намерата дека нема да дозволат природното и културно наследство на охридскиот регион (каде влегува и струшкото крајбрежје) да го загуби UNESCO статусот и дека ќе поведат битка со урбаната мафија, еве им шанса уште веднаш да се активираат и да го рехабилитираат овој некогаш зелен појас, дополнително казнувајќи ги и сторителите на овој ужас (до кои лесно ќе се дојде само ако се посака) но и оние кои одобриле. Наредната недела од Делегацијата на Европаската Унија во Скопје ќе ја посетат Струга, промовирајќи кампања за промена на ставовите и навиките во однос на третманот на ѓубрето. Еве им можност да ја видат состојбата на терен, како жителите на општината, правните лица, па и локалната самоуправа, се однесуваат со животната средина и каде сè одлагаат отпад, реагираат од Охрид SOS.

Извор и фото: ОхридПрес

Facebook Коментари