Охридските работници од културата се придружуваат на протестниот марш предводен од ,,Култура или Фис-Култура“

- Локални
316

Со цел да изразат солидарност и поддршка на Протестениот марш , предводен од иницијативата „Култура или фис-култура?“,  кој е најавен за 3.03.2021 во Скопје, на ден 03.03. 2021, во среда, на Кеј „Македонија“,  пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“, ,  во Охрид, работниците во културата од институционалната и вонинституционалната сцена на локално ниво, во времетраење од 12.15 до 13.00, ќе излезат на симболичен собир.

-Протестниот марш, во организација на „Култура или фис-култура?“ произлезе од проблематичниот избор на директорот на институцијата Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица, каде од тројцата кандидати ( магистер по културен менаџмент,  актер со 20 години стаж во институцијата, и наставник по физичко образование) беше одбран најмалку соодветниот кандидат, под заклучок дека е единствен кој ги исполнува формално-правните услови! Иницијативата да се преиспита и разреши, вака одбраниот кандидат, беше подржана од преку 200 индивидуалци и групи од културната сцена. Случајот во НУЦК „Антов Панов“ Струмица, само фрла светлина врз долгогодишниот деградирачки однос кон институционалната култура, каде за доделување на раководните функции најважен критериум останува партиската припадност и клиентелизмот. Ваквиот однос, произведува долгорочно негативно влијание врз квалитетот на програмите, градењето на публиката, како и на самата атмосфера и мотивација за работа на стручниот кадар во институциите.-информираат организаторите на симболичниот собир.

На Протестниот марш – „Култура или фис-култура?“ културните работници ќе излезат со пет конкретни барања, кои во иднина , како што велат, можат да  ги превенираат овие аномалии и конечно ќе се започне со вистинско валоризирање и воведување на соодветни критериуми за избор на квалитетни раководители во секоторот култура, како витален дел од секое општество, како што и беше предвидено во Националната стратегија за култура 2018-2022.

-Упатуваме покана до сите засегнати страни (работници во културата, независни уметници, музичари, млади иницијативи, публика, медиуми) на локално ниво, кои ги споделуваат истите ставови, да се придружат на собирот.-велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари