ЈП Комунално-Струга со акција за чистење на неколку локации во градот

- Локални
375
 Екипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота спроведоа акција за генерално чистење на потегот од ракометното игралиште „Женска плажа“ до одморалиштето 25 Мај, околу ОУ Јосип Броз Тито и долж улицата Велко Влаховиќ.
-Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, чистење на ивични траки како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите на отпадоци.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови во различни делови на градот.
Од претпријатието  ги известуваат сите корисници на услугите дека за сите проблеми и поплаки поврзани со нивните  активности на терен  граѓаните можат да пријават на тел.046 786 640, на е -маил [email protected] како и на нивната Facebook страна.
Strugaonline

Facebook Коментари