OOУ ,,Јосип Броз Тито“ беше домаќин на мобилноста во рамки на Еразмус+ проектот “Спаси ја иднината, промени ги правилата,,

- Локални
738

Во рамки на Еразмус+  проектот “Спаси ја иднината, промени ги правилата,, се реализираше мобилност на која домаќин беше ООУ Јосип Броз Тито во Струга, а гости беа партнерите на проектот од  Полска, Франција, Турција , Романија и Хрватска.

,,Во период од 12-ти до 16-ти септември беа реализирани повеќе работилиници: рационално планирање и користење на храна, користење на ресурси од природата како што се лековити билки каде гости беа познавачи на лековити билки од нашиот регион, а гостите вкусија дел од чаевите направени од лековити билки. Потоа следуваа работилниците -работа во школска градинка, есенско засадување на зеленчук , подготовка на оброци од остатоци од храна, изработка на неделно здраво мени за тинејџери , конзервирање на храна и подготовка на зимници како и посета на еко фарма. ,,-информираат од ООУ ,,Јосип Броз Тито“.

Учесниците во оваа мобилност имаа можност да ги разгледаат знаменитостите на Струга, беа во посета на Вевчани и ,,Свети Наум“ во Охрид.

,,Уште една недела на работа и соработка, учење и размена на искуства и знаење, но и другарување, забава и стекнување нови пријателства! Сите учесници во овој проект по трет пат покажаа и докажаа дека младите се свесни за нивната улога во заедницата и работат на заштита на природата, меѓусебно помагање и соработка.,,-додаваат од тимот на ,,Јосип Броз Тито“.

Strugaonline

Facebook Коментари