Опожарено возило на улица ,,Елпида Карамнди“ во Струга, нема повредени

- Локални
431

На 2-ри април 2024 година, во 02:31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02:25 часот на улицата „Елпида Караманди“ во Струга било опожарено патничко возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 43-годишно лице од струшкото село Делогожда.

– Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомрираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари