ТОП Вести

Повторно ќе се формира групата ,,Распеани стружани“, аудицијата е во сабота

- Локални
2046
Во сабота на 06.04.2024 во 18:00 часот, во просториите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи аудиција за обнова и формирање на пејачката група ,,Распеани стружани.“   Станува збор за возобновување на староградска музичка група формирана во 1971 година по која Струга била препознатлива со децении.
-Од нашите теренски истражувања преку разговорите со некогашните членови на групата, наидовме на голем интерес за возобновување на музичката традиција и колоритниот репертоар кој оваа староградска група го негуваше и афирмираше како во градот Струга и околината така и ширум државата и странство. Ансамблот „Распеани Стружани“ ќе го продолжи традицискиот континуитен на репертоарски содржини интерпретирани и од своите почетоци. Како репертоарски содржини планирани се следниве староградски песни: „ Ајде, конче“; „Ај што се убави беќари„; „ Пијан идат„ „На Струга дуќан да имам“ и други.-информираат од Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“-Струга.
Новата вокално-инструментална група ќе биде  под водство на уметничкиот раководител Татјана Тренеска и стручниот соработник – магистер по хармонија и хармонска анализа Биљана Николоска.
Од струшкиот Центар за култура потенцираат дека  со обновувањето на овој ансамбл, би се добила можност да се зачува звукот и духот на струшкото музичко обележје, сценска афирамиција на фестивалите ширум државата како и можност за презентирање и доближување на овој автохтон музички израз до струшкото население.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари

error: