Општина Охрид: Да не се палат васичичарски огнови на отворено

- Локални
81

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.

„Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување-  инвертер клими.“ -информираат од Општината.

Од таму додаваат дека општината е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.

Strugaonline

фото: aрхива

 

Facebook Коментари