ЕП 2020- Maкедонија вечерва игра со селекцијата на Украина

- Спорт
455

Македонската ракометна репрезентација вечерва во спортската сала“Штадахале” во Виена ќе го игра првиот натпревар на 14-то Европско првенство во ракомет. Наш прв противник е селекцијата на Украина,а натпреварот се игра во вечерниот термин од 20:30 часот. После овој дуел , во недела на 12 јануари Македонија ќе ги одмери силите со Чешка, а на 14 јануари ќе се сретне со домаќинот Австрија. Домаќини на ова европско првенство се  Австрија, Шведска и Норвешка.

На трибините во Виена се очекува да има околу 3000 гледачи од Македонија кои ќе ги бодрат нашите рекометари.

Пренос на натпреварите врши ТВ Телма.

Strugaonline

Facebook Коментари