Општина Охрид започна со поставување заштитни брани на реките од езерското сливно подрачје

- Локални
361

Со цел да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во водите на Охридското Езеро, општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје.

– Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период исти заштитни механизами ќе бидат поставени и на останатите речни корита, информираат од општина Охрид.

Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП „Градски гробишта“, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Извор и фото: Општина Охрид

Facebook Коментари