Присовјани избра Совет и претседател на Месната заедница

- Локални
641

Во  организација на Одделението за соработка со месни заедници и заштита и спасување,  во просториите на Советот на Општина Струга се одржа собир на граѓани кои живеат и имаат имот во с.Присовјани за избор на Совет и тела на Месната Заедница.

-Присутните граѓани со мнозинство гласови за претседател на Месната Заедница во с.Присовјани за следнита четири години го изгласаа Г-дин Илија Треноски , за секретар е избран  г-дин Ѓоко Котоски.-информираат од Одделението за соработка со месни заедници и заштита и спасување

Од таму додаваат дека  во наредниот период ќе организираат избори и во другите села од Малесијата каде  е истечен мандатот на советите на месните заедници.

Strugaonline

Facebook Коментари