Стружанецот Методија Столески ја воодушеви публиката на фестивалот „Гоце Фест“

- Локални
1182
Младиот музичар од Струга, Методија Столески продолжува со своите музички успеси и оваа година. После бројните настапи и награди во 2018 година, Методија настапи и на овогодинешното 30-то издание на фестивалот „Гоце Фест“ со песната „Мајка“. Неговиот настап беше проследен со најголеми овации од публиката.
По повод јубилејот на фестивалот, стручното жири одлучи сите учесници да ги прогласи за победници.  Ви пренесуваме една аматерска снимка направена од публика на која јасно се гледа дека публиката е воодушевена од настапот на Столески и го поздравува со силен и долг аплауз.

Методија Столески во моментов подготвува нова песна со која ќе настапи на фестивалот „Пирин Фест“.
Strugaonline

Facebook Коментари