Лев банер Десен банер

Општина Струга и АКВА потпишаа меморандуми за посилна борба против семејното и сексуалното насилство

Општина Струга и Здружението за развој и активизам АКВА – Струга направија нов чекор кон зајакнување на локалните механизми за превенција и поддршка на жртвите на семејно и сексуално насилство.

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, и претседателката на здружението АКВА, Ана Наумоска, денеска потпишаа два меморандуми за соработка, со кои се поставува основа за поорганизиран и координиран институционален пристап во справувањето со овие форми на насилство.

Со меморандумите се предвидува формирање на Локален совет за превенција од семејно и сексуално насилство, кој ќе служи како механизам за координација меѓу институциите и организациите што работат на ова поле. Дополнително, ќе се обезбеди поддршка за Советувалиштето – Женска инфо точка, кое нуди информации, советување и поддршка за жени кои се соочуваат со насилство или имаат потреба од помош.

Од Општина Струга истакнуваат дека со ова партнерство локалната самоуправа ја потврдува својата посветеност за создавање побезбедна заедница во која насилството нема место, а жртвите добиваат навремена и соодветна поддршка.

Воедно, општината најавува дека и во иднина ќе продолжи да соработува со граѓанскиот сектор и институциите во креирање локални политики, превентивни мерки и систем за заштита, со цел секоја жена и секој граѓанин да се чувствуваат безбедно и заштитено во својата заедница.

StrugaOnline

error: