Општина Струга: Обезбедуваме средства за изградба на примарниот колектор во западниот дел од Охридското Езеро

- Локални
477
Општина Струга информира дека обезбедува финансиски средства од Министерство за животна средина и просторно планирање за изградба на примарниот колектор во западниот дел од Охридското Езеро.
,, Проектот за изградба на примарниот колектор за собирање на отпадните води од западниот дел на Охридскиото езеро е еден од приоритетните проекти на регионално, национално и прекугранично ниво. Проектната област се протега на самио брег на Охридското езеро од Автокампот Треска на самата граница со Р. Албанија преку регионалниот патен правец од село Радожда се до туристичко место Елен Камен до пумпната станица кај хотелот Изгрев кај село Калишта.“ – информираат од Општината.
Вкупната должина на трасата на примарниот колектор е 5.200 метри. Со реализација на примарниот колектор ќе се комплетира западната страна на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.
Strugaonline

Facebook Коментари