
Нутриционисти од САД го одредија најсоодветното време за пиење кафе, со што тоа би било што покорисно. Нивните препораки се објавени на интернет-страницата „Ши фајндс“ (She Finds).
Стручњаците особено препорачуваат црно кафе без шеќер. Имено, калориите мора да се внесат заедно со корисните елементи во храната, а слаткото кафе носи празни калории.
Диетологот Кристина Таул препорачува кафето да се пие на празен стомак, 30 минути откако ќе испиете чаша лимонада. Овој сок хидрира доволно и обезбедува алкалност во телото.
Пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина. Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладта и храната наутро.
– Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина, потврдува д-р Лиза Ричардс.
Facebook Коментари