Општина Струга поправа стари и поставува нови клупи, граѓаните да не ги оштетуваат

- Локални
747

По реакциите на граѓаните, Општина Струга започна со поправање на старите клупи и поставување нови.

„Ние секогаш се грижиме за нашите граѓани, за да им угодиме и создадеме услови за одмор после пешачење или само за релаксација. Затоа бараме од вас да внимавате и да се погрижите да не ги оштетувате истите. “ – велат од Општина Струга

Од таму апелираат граѓаните да внимаваат и да ја чуват урбаната опрема.

Тимот од Општина Струга повика граѓаните да пријавуваат ако забележат дека некој оштетува или уништува урбана опрема.

Вакви случаи можете да пријавите на официјалната веб страница на Општина Струга, на социјалната мрежа Фејсбук или по електронска пошта на [email protected].

Strugaonline

Facebook Коментари