Жителите на улицата „Велко Влаховиќ“ немаат улично осветлување, стравуваат од кражби и напади

- Локални
1250

Група жители на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга,  се обратија до редакцијата на Strugaonline и апелирајќи до надлежните информираа за својот долгогодишен проблем.

Велат дека споменатата улица неколку години е без осветлување и е опасна за движење, за што сведочат и фотографиите.

Жителите додаваат дека за време на летниот период улицата „Велко Влаховиќ“ е преполна со туристи, а освен осветлувањето, дополнителен проблем е и глутницата од кучиња-скитници кои секојдневно се присутни, а  жителите кои  поминуваат таму имаат секојдневен стрес.

Надевајќи се дека оваа нивна реакција ќе допре до надлежните институции, додаваат дека немањето на улично осветлување е „идеално“ за кражби и напади.

Strugaonline

 

Facebook Коментари